Скопје/Охрид, 19. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Aeroports de Paris“ (АДП).
Според последното соопштение од „АДП“, само во февруари, бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година, јави република.мк.
Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година.
Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид. (Крај)
извор: Република.мк фото: архива