Скопје, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Прометот во индустријата во декември минатата година, во однос на декември 2013 година, бележи зголемување.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2014, во однос на декември 2013 година, бележи пораст од 4.1%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 27.4%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење на камен во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст од 36.9%, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 19.4%.
Прометот во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива