Скопје/Охрид, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на ТАВ Македонија, бројот на патници превезени од двата аеродроми, „Александар Велики„ Скопје и „Свети Апостол Павле“ Охрид, во првите два месеца од годинава е зголемен за 9 проценти.
Во овој период од аеродромите во Скопје и во Охрид се превезени 238.180 патници.
Минатата година услугите на македонските аеродроми ги користеле 1,8 милиони патници, односно на годишно ниво бројот на патници бил зголемен за 15 проценти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21