Скопје/Охрид, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016, изнесувала 22 380 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември минатата година, во однос на ноември 2015 година, била минимално зголемена.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен, уметност, забава и рекреација и градежништво.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и земјоделство, шумарство и рибарство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26