Струга, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – “Згрижување на деца од улица” е темата на панел дискусијата што утре ќе се одржи во салата на Советот на општина Струга.
Организатор е Центарот на заедницата на Општина Струга.
Панелисти ќе бидат членовите на координативното тело за спречување и отстранување на питачите на територијата на општината. Станува збор за претставници од Центарот за социјални работи, МВР, општина Струга, Црвен крст, Здравствен дом, Ученички дом и невладиниот сектор.
Задачата на ова координативното тело е да врши надзор, спречување и отстранување на лицата кои ќе бидат затекнати при вршење на питачење на подрачјето на општина Струга.
Почетокот на панел дискусијата е во 14 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20