Пескара, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Чешкиот тренер Зденек Земан повторно се враќа во Серија А. Тој ќе го преземе кормилото на последнопласираниот тим од калчолигата, Пескара, којa има освоено само 9 бода во досегашниот тек од сезоната.
Оваа недела управата на Пескара се раздели со Масимо Одо, кој досега го водеше тимот.
Екипата на Пескара минатиот викенд загуби на гостувањето против Торино со 5-3, а претстојниов викенд ќе игра против Џенова на домашен терен. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20