News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 31, 2024

Охрид, 31. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Висок крвен притисок (хипертензија) значи резултати од над 130/80 mm Hg и е поврзан со зголемен ризик од срцев и мозочен удар. Иако постојат многу начини за намалување на крвниот притисок, една навика особено придонесува за негово зголемување.

Според лекарот и нутриционист д-р David L. Katz, клучната навика што треба да се престане е да се јаде храна богата со додаден натриум и заситени масти, како што се ресторанската храна и високо преработената храна.

– Натриумот е главен двигател на варијации во крвниот притисок, што значи дека високиот внес на сол може значително да го зголеми крвниот притисок, објасни тој.

Високо преработената храна како чипсот, крекерите и газираните пијалаци не само што се богати со натриум, туку тие се исто така богати со додадени шеќери и заситени масти, кои дополнително го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Според Katz високо обработената храна содржи состојки кои ретко ги користиме дома, вклучувајќи различни засилувачи на вкус и емулгатори.

Еден од најдобрите начини за контрола на крвниот притисок е почесто да се готви дома.

– Постои јасна врска помеѓу јадењето надвор и повисоките нивоа на натриум, вели д-р Katz. Исто така, домашната подготовка овозможува поголема контрола врз внесот на шеќер и заситени масти.

Паралелно со начинот на исхрана, редовната физичка активност и управувањето со стресот се клучни за намалување на крвниот притисок и долгорочно здравје. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука