Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здравата исхрана е важен дел од одржувањето на целокупната благосостојба на човечкиот организам. За среќа, постојат многу одлични намирници кои можеме да ги додадеме во нашата чинија за да останеме здрави и потенцијално да спречиме некоја потешка болест.
Сепак, преработеното и црвеното месо, кои се често на нашата трпеза, може да внесат штетни соединенија во телото, од кои дел се и канцерогени. Овие соединенија можат да предизвикаат оштетување на клетките и да придонесат за развој на рак, како што се рак на дебелото црево и желудникот. Затоа, нутриционистите им препорачуваат на сите, а особено на оние над 50 години, да го намалат консумирањето на некои видови месо.
Плескавици и стекови
Црвеното месо, хамбургерите и стековите, често се популарен избор, но за жал, носат бројни здравствени ризици, вклучително и поголем ризик од рак. Црвеното месо, како говедско, свинско и јагнешко месо, е поврзано со добивањето рак на дебелото црево, но сепак тоа не значи дека треба целосно да се исфрлат од исхраната. Треба да се намали фреквенцијата на внесување црвено месо и да се избираат помали порции. Друг важен фактор е температурата на готвење. Печењето или варењето на ова месо на високи температури може да произведе штетни канцерогени материи.
Сувомеснати производи
Сувомеснатите производи како шунка, салама и слични преработки се уште една опција која е најдобро да се избегнува доколку сакате да го намалите ризикот од рак по 50-тата година од животот. Содржат конзерванси кои се поврзани со зголемен ризик од рак. Кога избирате сувомеснати производи, изберете производи со пониска содржина на натриум и, ако е можно, опции кои се целосно без натриум. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr