август 31, 2024

Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Она што го јадеме наутро може да ни го одбележи остатокот од денот. Затоа, особено е важен изборот на појадок доколку сакаме порамен стомак, бидејќи исхраната може да го забрза или запре слабеењето.

Според д-р Dan Sullivan, започнувањето на денот со погрешна храна може да донесе спротивен ефект од нашите фитнес цели. Тој посочува на два погрешни типови на храна за појадок.

Преработено месо

Овој вид месо, како што се сланина и колбаси, може да изгледа како одличен избор за почеток на денот. Сепак сланината, колбасите, виршлите и други преработени месни преработки често содржат нездрави масти, високо ниво на натриум и други конзерванси. Можат да придонесат за воспаленија и задржување на водата, што го отежнува одржувањето на витката линија.

Високата содржина на натриум во преработеното месо може да доведе до надуеност, што е еден од поголемите проблеми за сите кои сакаат рамен стомак. Размислете за органски опции кои не содржат дополнителни конзерванси и хормони.

Солени пецива

Солените пецива се омилен избор за појадок на многу луѓе, но сепак се далеку од најдобриот избор. Богати се со преработени јаглехидрати кои релативно бргу се претвораат во шеќер во телото и може да доведат до нерамнотежа на шеќерот во крвта. Кога шеќерот во крвта се зголемува и потоа опаѓа, тоа може да предизвика желба за храна и да доведе до прејадување подоцна во текот на денот, што го отежнува одржувањето на рамен стомак. Повеќето пецива содржат и глутен, што за многумина може да биде проблематично. Чувствителноста или нетолеранцијата на глутен може да доведе до надуеност и дигестивни непријатности, што дополнително го попречува постигнувањето на рамен стомак. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука