Охрид, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вежбањето со тегови помага во одржување на силата на нозете во староста, го продолжува животот и ги зголемува шансите за здраво стареење, покажа истражувањето објавено од списанието BMJ Open Sport & Exercise Medicine.
Претходните студии покажаа дека ослабените мускули на нозете се важен фактор на ризик за прерана смрт. Покрај тоа, намалената сила на нозете кај постарите и повозрасни лица ја намалува нивната подвижност и способност да се грижат за себе. Докажано е и дека ваквите тренинзи помагаат да се одржи силата на нозете.
Во новата студија, научниците ги анализирале податоците на 450 активни луѓе со просечна возраст од над 71 година. Во текот на една година, едната група изведувала вежби со товар три пати неделно со тренер, втората вежбала средно тешки вежби со еластични ленти, а третата живеела нормален живот, одејќи околу 10.000 чекори дневно. Во групата со тешки вежби учесниците работеа со тежина од 70 до 85% од максимумот, а во групата со умерени вежби – со тежина од 50 до 60% од максимумот.
По четири години, силата на нозете се намали и кај групата со умерено вежбање и кај групата со нормален животен стил. Во групата која изведуваше тешки вежби, силата на нозете остана на првобитното ниво. Количината на висцерална маст се зголемила кај групата која не правела тренинзи. Овој тип на масти е поврзан со зголемен ризик од дијабетес и други хронични болести.
Резултатите може да значат дека интензивниот тренинг, кој вклучува кревање тегови, може да биде корисен за спречување на болести поврзани со возраста. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr