Охрид, 26. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ферментираната храна содржи бројни корисни бактерии кои го подобруваат здравјето на цревата, но овие намирници не се добри само за цревата – тие исто така можат да го поддржат здравјето на мозокот.
Затоа, експертите за исхрана ги издвоија јогуртот и кефирот помеѓу намирниците кои треба да ги вклучиме во исхраната за здравјето на мозокот.
Јогуртот содржи пробиотици кои „помагаат да се одржи здрав микробиом на цревата, го поддржува производството на невротрансмитери, го намалува воспалението и обезбедува клучни хранливи материи кои ја штитат и подобруваат функцијата на мозокот“.
Кефирот е ферментиран пијалок богат со пробиотици. Истражувањата покажуваат дека консумирањето кефир може да ја подобри релациската меморија, а луѓето кои го консумирале ја зголемиле концентрацијата на корисни бактерии во нивните црева.
Оваа врска помеѓу цревата и мозокот нагласува колку исхраната може да влијае на целокупното здравје на телото, вклучувајќи го и мозокот. Внесувањето на ферментирана храна во вашата исхрана може значително да помогне во одржувањето на здравјето на цревата и мозокот. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr