News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 3, 2024

Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Есента е период од годината кој често се поврзува со вкусни задоволства како пита од тиква. Сепак, колку и да е вкусен овој десерт, може негативно да влијае на нашите обиди за намалување на килограмите, доколку се консумира прекумерно.

За среќа, постојат креативни начини да уживаме во вакви слатки есенски вкусови без да ги загрозиме нашите цели за помалку килограми. Нутриционистката Catherine Gervacio ги откри нејзините две омилени, а во исто време и здравиie.

Печени јаболка

Јаболката се природно слатки и нема потреба од додавање шеќер. Тие исто така се богати со влакна кои можат да ни помогнат да се чувствуваме сити и да го поддржат здравото варење.

– Печените јаболка се нискокалорично задоволство и ги има во изобилство наесен. Кога ќе ги испечете, посипете ги со цимет и морско оревче и додадете малку сецкани јаткасти плодови за да го подобрите вкусот, вели нутриционистот Gervacio.

Додава дека ова е одлична идеја кога ќе го земеме предвид фактот дека дневната доза цимет може да помогне во забрзување на метаболизмот.

– Со соодветна контрола на порциите, овој десерт обезбедува влакна, витамини и минерали корисни за здравјето. Во споредба со традиционалните есенски десерти, печените јаболка може да имаат малку шеќер, што помага да се намалат вкупните калории, објаснува Gervacio.

Парфе од јогурт

Ова вкусно задоволство е одличен избор бидејќи комбинира јогурт богат со протеини со хранливи додатоци како овошје, јаткасти плодови и есенски зачини како цимет и морско оревче.

– Комбинирајте парчиња јаболка или печена тиква и направете здрав парфе со јаткасти плодови, семки и други зачини, предлага Gervacio.

Ова е десерт богат со протеини, со пробиотици кои го поддржуваат здравото варење.

– За да биде нискокалоричен, наместо вообичаениот бел шеќер или сируп користете мед или јаворов сируп. Исто така, може да се земат во предвид и некалорични засладувачи, заклучува нутриционистот. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука