Охрид, 19. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, може да предизвика сериозни здравствени проблеми доколку не се контролира правилно. Затоа, освен што треба да ги земате редовно препишаните лекови и да вежбате, мора да внимавате и што јадете.
Според експертите, прекумерното консумирање сол е една од главните познати причини за хипертензија. Сепак, солта не е единствениот фактор во исхраната кој придонесува за висок крвен притисок. Тие издвоија четири популарни опции за појадок кои лицата со висок крвен притисок всушност треба да ги избегнуваат.
Засладени житарки
Житарките кои на прв поглед изгледаат здрави можеби и не се најдобриот избор за почеток на денот. Производителите тврдат дека се здрави бидејќи содржат хранливи материи и цели зрна, но тоа не е целата вистина. Многу вакви житарки се „високо обработени и содржат додаден шеќер“. Истражувањата покажаа дека една шолја ваква житарка има иста концентрација на шеќер како три чоколадни колачиња“. Високото ниво на шеќер го попречува производството на азотен оксид, кој помага во проширување на артериите, што може да придонесе за висок крвен притисок. Шеќерот придонесува за зголемување на телесната тежина, што го зголемува ризикот од висок крвен притисок.
Мафини
Иако се многу вкусни, мафините содржат нездрави состојки како рафинирано брашно, шеќер и масло. Индустриски произведените мафини содржат висока концентрација на штетни состојки, што ги прави значаен фактор на ризик за дебелина. Проблемот е што состојките од кои се направени овие популарни десерти честопати не се воопшто хранливи. Рафинираните состојки во мафините немаат хранлива вредност. Поради високата содржина на шеќер, телото брзо ги вари, што предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин.
Сланина
Една од најпопуларните опции за појадок е сланината, која може значително да го зголеми крвниот притисок. Преработеното месо, како сланина и шунка, се штетни за вашето здравје доколку имате висок крвен притисок. Сланината содржи висока концентрација на натриум, кој го зголемува крвниот притисок доколку се консумира редовно. Четири парчиња сланина содржат околу 660 милиграми натриум, што е речиси половина од препорачаната дневна доза од 1.500 милиграми.
Вафли
Како и мафините, вафлите можат да бидат привлечен појадок, но можат да му нанесат повеќе штета отколку корист на телото. Содржат едноставни јаглехидрати кои ги олеснуваат варењето. Рафинираните состојки во брашното придонесуваат за дебелина и високи нивоа на инсулин. Дебелината предизвикува атеросклероза, која ги стеснува ѕидовите на артериите и доведува до хипертензија. Кога масното ткиво се депонира на ѕидовите на артериите, срцето мора да работи понапорно за да пумпа крв во различни делови од телото. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr