Здравје: Дружењето со пријателите го продолжува животот, додека осаменоста е штетна како и пушењето
јануари 6, 2025

Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Дружењето со пријателите има големо влијание врз здравјето, се согласуваат многу експерти кои тврдат дека причината повеќе да се вреднуваат моментите со пријателите е тоа што излегувањето и поминувањето време со нив може да придонет за подолг живот.

– Осаменоста може да има исто толку негативен ефект врз здравјето, како и пушењето, објаснуваат тие.

Додаваат деак честата дружба со пријателите околу себе може да го забави процесот на стареење, додека осаменоста е „навистина лоша за нас“. Овој вид дружење може да ги „тренира“ клетките да бидат поотпорни на стареење.

Дружењето со пријателите е исто толку важно како и здравата исхрана и вежбањето

Експертите истакнуваат дека истражувањето е во рана фаза, но дека ќе има големо значење во иднина. Нагласуваат дека осаменоста може да има исто така негативно влијание врз здравјето, како и пушењето цигари. Предупредуваат дека штетните ефекти од осаменоста по здравјето се еднакви на пушење 15 цигари дневно.

– Дружењето со пријателите, како и здравата исхрана и редовното вежбање, може да помогне да се намали стресот и да се одржи менталното и физичкото здравје, пишува Daily Mail.

Минатата година Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи осаменоста за сериозна глобална закана по здравјето на луѓето. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука