News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 10, 2024

Охрид, 10. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Придобивките за здравјето од секојдневното пешачење се добро познати, се намалува ризикот од срцеви заболувања, се намалува крвниот притисок и LDL (лошиот) холестерол, се намалува стресот, се зајакнува имунитетот и подобрува варењето.

Според истражување спроведено во јули годинава, учесниците кои пешачеле 30 минути пет пати неделно пријавиле помалку болки во грбот и помалку посети на лекар во споредба со оние кои биле неактивни. Болката во долниот дел на грбот погодува дури 619 милиони луѓе ширум светот, а се проценува дека ќе порасне на 843 милиони до 2050 година. Студијата, исто така, покажа дека болката двојно повеќе престанала кај оние кои редовно пешачат во однос на неактивните луѓе.

Причини за болки во грбот често се и кревање потешки предмети. Свиткувањето на половината го зголемува притисокот врз ‘рбетните дискови и може да предизвика болка.

Брзото одење помага да се намали ризикот од дијабетес тип 2

Експертите веруваат дека помладите генерации се’ повеќе страдаат од болки во грбот поради начинот на живот, долготрајното седење на работните места и во домовите, и долготрајни активности кои бараат долго гледање надолу кон паметните телефони, лаптопите и таблетите.

Пешачењето е бесплатна и лесна алтернатива за трчање и други интензивни тренинзи. Помага во борбата против негативните последици од неактивноста. Неодамнешните истражувања покажуваат дека одењето 5.000 чекори три пати неделно во текот на две години може да го зголеми животниот век за три години и да ги намали трошоците за здравствена заштита до 13 проценти. Истражувањата исто така покажуваат дека брзото одење е подобро за намалување на ризикот од дијабетес тип 2, отколку движењето со побавно темпо.

За да се зголеми интензитетот на одење, експертите препорачуваат користење тегови, пешачење со брза музика или на терен со ридски делови. Секако, за што и да правите, претходно задолжително да се консултирате со вашиот доктор. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука