септември 8, 2024

Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Губењето на салото од стомакот не е лесен подвиг. Постојат два вида на стомачни масти: поткожното масно ткиво, кое се наоѓа веднаш под нашата кожа, и поопасна верзија на салото на стомакот – тврдоглавото висцерално сало.

– Салото на стомакот што предизвикува здравствени проблеми е висцерална маст, која се наоѓа во просторот помеѓу абдоминалните органи. Оваа маст тешко се губи, објаснува диететичарката Angel Luk.

Висцералните масти се поврзани со зголемен ризик за многу здравствени проблеми, вклучувајќи го и срцевите заболувања, висок крвен притисок, висок шеќер во крвта, метаболички синдром, дијабетес тип 2, деменција, астма, рак на дојка и рак на дебелото црево.

Маснотиите од стомакот лесно се акумулираат, а многу тешко се губат.

– Салото од стомакот може потешко да се гиби кај луѓе со прекумерна тежина, хроничен стрес или оние кои се отпорни на инсулин, во кои случаи нивото на кортизол и инсулин често се високи, вели д-р Jennie Stanford.

Диететичарката Angel Luk сподели едноставен трик кој може да помогне – доволно сон.

– Единствениот совет што би го препорачала е да спиете најмалку седум часа навечер. Ова е безболно и економично решение, вели Luk.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) исто така препорачуваат минимум седум часа сон за возрасни.

– Спиењето помага во регулирањето на кортизолот и инсулинот. Маснотиите на стомакот се особено чувствителни на ефектите на кортизолот и инсулинот за зголемување на телесната тежина, па колку подобро се контролираат, толку е помала веројатноста да се акумулираат масти во пределот на стомакот, заклучува д-р Stanford. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука