Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Правилната исхрана, редовните прегледи и заштитата на очите од штетни влијанија помагаат да се зачува добриот вид и да се спречат потенцијални проблеми.
Кога станува збор за исхраната за одржување на здравјето на очите, првата храна што редовно ни паѓа на памет е морковот, но не е единствената.
Кои други намирници треба да ги јадеме за да одржиме добар вид и здравје на очите.
Спанаќ и кељ
Темниот лиснат зеленчук, како што се кељот и спанаќот, се богати со лутеин и зеаксантин, кои ја штитат мрежницата од оштетување на слободните радикали и го забавуваат влошувањето на видот што доаѓа со возраста.
Јајца
Јајцата се одличен извор на лутеин и зеаксантин, кои го поддржуваат здравјето на видот. Редовното консумирање јајца може значително да го намали ризикот од губење на видот.
Бадеми
Витаминот Е во бадемите ги неутрализираат слободните радикали и го спречуваат оштетувањето на очните клетки. Една порција бадеми обезбедува 45 проценти од дневната потреба за витамин Е. Семките од сончоглед, лешниците и авокадото се исто така добри извори.
Мрсна риба
Јадењето мрсна риба, како што се туна, пастрмка, скуша, сардина и лосос, два до три пати неделно може да ги ублажи симптомите на суво око благодарение на омега-3 мрсните киселини кои го зголемуваат производството на солзи и го намалуваат воспалението.
Грав
Важно е храната со висок гликемиски индекс да се замени (како рафинирани житарки, грицки и пијалоци со додаден шеќер) со оние со понизок гликемиски индекс и поголема содржина на влакна, како што се гравот и интегралните житарки. Освен што помага во регулирањето на шеќерот во крвта, гравот е и добар извор на важни хранливи материи за здравјето на очите, како што се цинкот и витамините Б. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr