News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 7, 2024

Охрид, 7. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Слатките задоволства можат да бидат многу примамливи, но имаат скриени негативни страни за процесот на варење.

Храната богата со додадени шеќери може да го наруши балансот на здравата цревна флора, што доведува до дигестивни проблеми како што се надуеност, гасови, па дури и воспаленија. Шеќерот исто така може да предизвика негови ненадејни скокови во крвта, што го оптоварува дигестивниот процес и остава да се чувствувате бавно.

Експертите препорачуваат кои намирници треба да исфрлиме од исхраната доколку сакаме подобро варење и здравје на цревата.

Преработен овошен сок

Ако го започнеме денот со сокови, како што е преработен сок од портокал купен во продавница, најверојатно ќе наидеме на дигестивни проблеми. Иако може да изгледа како да избирате поздрава опција од газираните сокови, нивото на шеќер во овошните сокови може да биде повисоко отколку во газираните пијалоци. Овошните сокови често се преполни со шеќер. На пример, 3,5 децилитри сок од портокал има околу 31 грам шеќер, што е повеќе од 22 грама кои ги содржи истата количина газиран пијалок. Многу сокови купени во продавница се всушност само шеќер, што е изненадувачки со оглед на тоа што се рекламираат како хранливи и здрави. За разлика од овошјето, овошниот сок не содржи влакна за да ја ограничи апсорпцијата на шеќер од телото, што резултира со скок на инсулинот.

Крофни

Крофните се омилен десерт за многумина, без разлика на возраста. Сепак, оваа слатка закуска содржи нездрави масти и многу шеќер. Редовното консумирање крофни може да доведе до зголемување на телесната тежина, но и до лошо дигестивно здравје. Се прават со рафинирани јаглехидрати, додадени шеќери и масла, кои можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, оваа закуска не заситува и содржи празни калории. Поради брзото варење на печивата, човекот повторно се чувствува гладен кратко време по консумирањето.

Вештачки засладувачи

Вештачките засладувачи најчесто се додаваат во преработената храна и пијалоци за да се подобри вкусот. Сепак, тие можат да го нарушат балансот на цревните бактерии, што може да доведе до несакани промени во составот на цревната флора. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека конзумирањето на вештачки засладувачи може да ја наруши природната регулација на апетитот на телото, што може да резултира со зголемен внес на калории и последователно зголемување на телесната тежина. Еден неочекуван пример за ова се засладените житарки кои имаат многу шеќер и малку хранливи материи. Тие често содржат и вештачки засладувачи и шеќерни алкохоли, како што е еритритол, кој може да ја наруши цревната флора. Тие предизвикуваат надуеност, мека столица, гасови и стомачни грчеви, а можат и да го променат односот на добрите и лошите бактерии во цревната флора. Вишокот шеќер во исхраната може да го стимулира растот на штетните бактерии во цревата, што може да го отежне одржувањето на здрава телесна тежина. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука