Охрид, 14. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сите имаме некои наши ноќни ритуали – од гледање видеа на телевизија, Facebook, Insgram или TikTok до читање или релаксирачка бања.
Сепак, не се здрави сите ноќни навики. Додека пиење една чаша вино пред спиење долго време се сметаше за штетно, истражувањето сугерира дека постои уште поштетна навика што треба да ја избегнуваме за оптимално здравје на срцето, а тоа е неправилен сон.
Една неодамнешна студија покажа дека некои од нашите рутини пред спиење може да го намалат ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, дури и кај луѓе со генетски предиспозиции за тоа.
– Пациентите кои редовно спиеле имале 16 отсто помал ризик од коронарна срцева болест и 34 отсто помал ризик од мозочен удар, изјави кардиологот д-р Xiaomin Zhang.
Така, неправилниот сон може да го наруши дневно-ноќниот ритам на телото, зголемувајќи го нивото на стрес хормони, крвниот притисок и отчукувањата на срцето.
– Недостатокот на редовна рутина за спиење внесува стрес кај кардиоваскуларниот систем, објаснува кардиологот д-р Sam Setareh, и додава дека истото може да доведе до хипертензија и срцеви аритмии.
Нарушувањата како опструктивна ноќна апнеја, исто така, негативно влијаат на срцето.
– Апнеата предизвикува осцилации во нивото на кислород и зголемување на крвниот притисок, што дополнително го оптоварува срцето, вели д-р Setareh. Без третман, апнеата може да го зголеми ризикот од хипертензија и срцеви аритмии.
За да се подобри сонот, кардиолозите препорачуваат редовно време за будење, релаксирачка бања пред спиење и избегнување на телевизиските екрани, но и мобилните телефони и сите останати вакви уреди пред спиење.
– Редовното спиење е клучно за здравјето на срцето, бидејќи влијае на срцевиот ритам, крвниот притисок и воспалителните процеси, заклучува д-р Sam Setareh. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr