Здравје: Кардиолозите предупредуваат на два рани симптоми на срцев удар кои често се игнорираат
декември 28, 2024

Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кардиолозите апелираат до граѓаните да ги препознаат раните симптоми на инфаркт за што поскоро да побараат помош и да ги зголемат шансите за закрепнување.

Иако повеќето луѓе знаат дека болката во градите е знак за срцев удар, експертите предупредуваат на два други вообичаени симптоми кои често се игнорираат: потењето и чувството на слабост или вртоглавица.

Годинице наназаед, се’ поголем е бројот на хоспитализирани лица поради срцев удар во светот. Податоците покажуваат дека седум од десет луѓе преживуваат срцев удар, а тој број се зголемува на повеќе од девет од десет за оние кои брзо ќе стигнат во болница и ќе добијат соодветен третман.

Околу 70% од луѓето се свесни дека болката во градите е главниот знак за срцев удар. Сепак, само 41% од испитаниците знаат дека и наглото потење е еден од симптомите, додека само 27% се свесни дека чувството на слабост и вртоглавица може да укажуваат и на срцев удар.

Експертите објаснуваат дека потењето може да биде ненадејно и често придружено со студена, леплива кожа. Слабоста и вртоглавицата може да доведат до чувство како дека ќе се онесвестите или да паднете.

Останати вообичаени симптоми на срцев удар:

– Стегање или болка во градите – чувство на притисок или тежина,
– Потење – особено ненадејно и придружено со студена кожа,
– Чувство на нелагодност, вознемиреност или возбуда,
– Болка кон левата рака, двете раце, вратот, вилицата, грбот или стомакот,
– Тешкотии со дишењето – вклучувајќи „рчење“ или грубо дишење,
– Забрзано чукање на срцето или многу слаб пулс,
– Бледа нијанса на кожата на колената, рацете или усните,
– Гадење или повраќање,
– Кашлица со траги од крв и
– Губење на свеста или напади.

Кардиоваскуларните болести предизвикуваат еден од четири смртни случаи, па затоа е од витално значење луѓето да ги препознаат раните знаци на срцев удар. Секоја минута се брои бидејќи повеќето оштетувања на срцевиот мускул се случуваат во првите неколку часа. Ако почувствувате симптоми како што се притисок во градите, потење, гадење или непријатност, веднаш побарајте соодветна лекарска помош. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука