Охрид, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Физичката активност е многу важна за благосостојбата на нашето тело и целокупното здравје. Но, што се случува кога нашите мускули и тело веќе не се способни да вршат физички активности? Во тој момент, за жал, ни треба помош и тука доаѓа кинезитерапијата.
Кинезитерапијата е составен дел на физикална терапија и рехабилитација. Потекнува од грчкиот збор кинезис што значи движење. Затоа, тоа е поле на физикална терапија што го користи движењето како метод на лекување. Во зависност од дијагнозата, се одредува програма на вежби кои работат на активирање на одредени мускули каде што е присутен проблемот. Кинезитерапијата може да се однесува на една група мускули или на неколку од нив. Како дел од физикална терапија, тоа е еден од најважните аспекти на медицинската рехабилитација.
Кога се користи кинезитерапија?
Многу е важно да се знае дека кинезитерапијата е составен дел од поширокиот спектар на терапии, кој се нарекува физикална терапија. Исто така, важно е да се нагласи дека кинезитерапијата се применува превентивно, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем и позитивно влијае на психолошката состојба на луѓето.
За кого се препорачува?
Кинезитерапијата се препорачува за разни ортопедски проблеми како што се фрактури на коските и спортски повреди како исчашувања, делумни или целосни кинења на лигаментите, како и за отоци и состојби по удари. Се препорачува за пациенти со ревматолошки проблеми како гонатроза, помага и при мускулна напнатост и болка, воспаленија на ткивото, како синдром на замрзнато рамо. Многу е ефикасна и при невролошки проблеми како мултиплекс склероза, мозочен удар, мускулна дистрофија…
Кои вежби спаѓаат во кинезитерапијата?
Кинезитерапијата вклучува активни и пасивни вежби. Активните вежби бараат доброволна мускулна активност, додека пасивните вежби се изведуваат со пациенти кои не можат самостојно да вршат активни движења. Секако, кинезитерапијата може да се комбинира со други методи на физикална терапија за поуспешна рехабилитација. Основните принципи на овој тип на физикална терапија се вежби кои работат на зголемување на опсегот на движења, вежби за сила и вежби за истегнување. Овие вежби имаат за цел зајакнување на мускулно-скелетната структура, намалување на болката и зголемување на васкуларизацијата.
Кај постари пациенти, принципите на кинезитерапија може да се користат за самата активност, додека кај други пациенти тие се применуваат за отстранување на болката и враќање на клиентот на нормални животни активности.
Во зависност од состојбата на пациентот, се користат:
-активни асистирани вежби,
-независни активни вежби,
-активни вежби со оптоварување и
-пасивни вежби.
Резултати од кинезитерапија
По кинезитерапијата, се очекува значително подобрување на функционалноста на мускулите и зглобовите, како и на кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Исто така, важно е да се има во предвид дека времетраењето на кинезитерапијата зависи од случај до случај и дека понекогаш проблемот може да се реши со само неколку третмани, а понекогаш се потребни неколку месеци. Зајакнувањето на мускулно-скелетната структура е тековен процес, затоа е многу важно да не се прескокнуваат вежбите за да се постигнат максимални резултати.
Доколку имате ваков проблем, не грижете се, имате решение многу блиску до Вас. Стручниот тим на физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ од Охрид ви стои на располагање на улица „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, а телефонот за дополнителни информации е 071/506-818.
– Нашиот стручен тим ќе се погрижи за вас и ќе даде се’ од себе да ги елиминира вашите здравствени проблеми и „да ја победиме болката заедно.“ Затоа, слободно контактирајте не доколку имате прашања и следете не на нашата веб страна, како и на профилите на социјални мрежи, YouTube, Instagram и Facebook, каде можете да најдете многу квалитетни материјали, вежби и совети за вас и подобрување на вашето здравје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива