Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Малините се вкусни и исклучително хранливи и се препорачува да ги користите секогаш кога се во сезона или можете да ги набавите. Се нарекуваат „бонбони на природата“ и се важни кога станува збор за здравјето на цревата и целокупното здравје на организмот.
Содржат влакна, антиоксиданси и витамин Ц, сите со многу малку калории. Околу 125 грама малини содржат осум грама влакна, кои се неопходни за здравјето на цревата. Малините се издвојуваат како еден од најбогатите природни извори на влакна.
Богати се со витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и делува како антиоксиданс. Приближно 125 грама малини содржат 32 милиграми витамин Ц, што е околу 43 проценти од дневниот препорачан внес. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr