Охрид, 17. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Понекогаш ги занемаруваме штетните ефекти што можат да ги имаат некои навидум безопасни производи.
Меѓутоа, ако се грижиме за нашето здравје, важно е да обрнеме внимание на она што го јадеме, особено кога станува збор за здравјето на срцето. Постојат неколку вообичаени намирници кои треба да ги замениме со поздрави алтернативи. Нутриционистката и личен тренер, Valerie Maclin, предупреди на храна која ги затнува артериите и е лоша за здравјето на срцето.
Печива
Многу популарни колачи може да бидат причина за затнување на артериите. Крофните со преливи и останатите пецива, често се полни со шеќер и нездрави масти, што ги прави калорични и полни со заситени масти кои го зголемуваат нивото на холестерол. Дури и класичните есенски пити, како пита од тиква или јаболка, особено оние со мрсни кори, можат да внесат непотребни масти и шеќер во нашата исхрана.
– Пецивата направени со шеќер и бело брашно придонесуваат за зголемување на тежината и ги затнуваат артериите. Изберете цели зрна, природни засладувачи и темно чоколадо за да ги задоволите желбите за слатко, вели Maclin.
Мисиркини батаци и колбаси
На мисиркините батаци, иако не се толку мрсни како црвеното месо, често им додаваме маринади со висока содржина на натриум кои им додаваат маснотии. Освен тоа, нутриционистите предупредуваат и на преработените колбаси, кои се полни со нездрави масти и конзерванси и придонесуваат за повисоко ниво на холестерол.
Изборот на посни парчиња месо или поздрави алтернативи може да помогне да се заштити здравјето на срцето и да се контролира телесната тежина. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr