Охрид, 8. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – За да избегнете настинки или грип во сезоната на респираторни вируси, важни се малите секојдневни навики кои придонесуваат за одржување на здравјето.
Експертите споделија неколку совети во делот на исхраната, вежбањето и менталното здравје кои можат да ни помогнат да го зајакнеме нашиот имунитет.
Справете се со стресот колку што е можно подобро
Стресот, особено хроничниот стрес, може негативно да влијае на нашиот имунолошки систем. Тоа е затоа што зголеменото ниво на кортизол, природен стероид што телото го лачи како одговор на речиси сè, од утринското будење до интензивното вежбање – се смета дека игра улога во физиолошкото функционирање на телото. Како природен имуносупресив, хронично високиот кортизол може да не стави на ризик од ослабен имунолошки систем. Значи, со нутритивно побогата исхрана и активен животен стил, мора да го намалиме вкупниот стрес.
Јадете разновидна храна
Исхраната богата со природни намирници ќе обезбеди внес на антиоксиданси – како што се витамините Ц и Е – и флавоноиди кои можат да го помогнат нашиот имунолошки систем. Јадете бобинки, кељ, брокула, сок од цитрус или портокал, мешунки, чај, јаткасти плодови, морски плодови и јајца.
Често и правилно мијте ги рацете
Првиот и најважен начин да се спречи болеста е да ги миете рацете со сапун и вода. Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат миење на рацете барем 20 секунди или повеќе, секогаш кога сте на јавно место, особено откако ќе го користите тоалетот, ќе го дувате носот, ќе кашлате или ќе кивате. Мора да ги миеме рацете пред да јадеме или пред да го доприраме лицето.
Чести прошетки
Свежиот воздух и пешачењето на отворено се добри и за телото и за мозокот. Прошетката на отворено е одличен начин за вежбање и може да биде многу смирувачко. Да се биде во природа е многу закрепнувачко, велат експертите.
Бидете активни
Вежбањето дома, доколку времето не е соодветно за прошетка надвор, може позитивно да влијае на нашиот организам. Емоционалниот стрес може да биде исто толку, ако не и повеќе, оптоварување за телото од физичкиот стрес. Токму затоа, секојдневното вежбање може да му даде на телото механизам за ослободување на напнатоста што може да го оптерети имунолошкиот систем. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr