News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 3, 2024

Охрид, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кардиолозите често предупредуваат на штетните навики кои сериозно го загрозуваат здравјето на срцето, вклучувајќи го и високиот крвен притисок, непознавањето на сопствените ризици за срцев удар, пушењето и користењето електронски цигари. Според новото истражување, постои уште една опасна навика која е многу честа – претераното пиење алкохол.

Новите истражувања покажуваат дека прекумерното пиење алкохол може да доведе до аритмии, или неправилно чукање на срцето. Студијата, спроведена во октомври 2024 година, опфати 193 испитаници на кои им беа вградени EKG монитори пред планираното консумирање алкохол. Резултатите открија значајни аритмии кај повеќе од пет проценти од здравите и младите учесници.

– Алкохолот ја нарушува рамнотежата на нервниот систем со ослободување на адреналин, кој може да го иритира срцевиот мускул и да се меша со електричните сигнали, објаснува кардиологот д-р Sam Setareh.

Прекумерното пиење обично се дефинира како пет или повеќе пијалоци за мажи или четири или повеќе пијалоци за жени во рок од околу два часа. Повторливите аритмии може да предизвикаат промени во срцето, што го зголемува ризикот од проблеми со срцето на долг рок. Аритмиите се сериозен проблем бидејќи неправилното чукање на срцето може да доведе до компликации како што се мозочен удар и срцева слабост.

Симптомите на аритмија вклучуваат брз пулс, неправилни отчукувања на срцето, болка во градите и вртоглавица, но и замор, несвестица, тешко дишење, наизменично брзо и бавно отчукување на срцето и потење.

Доколку ги забележите овие симптоми, потребно е итно да реагирате затоа штом истите може да ескалираат, особено во часовите или деновите по обилно пиење, кога телото е во фаза на закрепнување. Најдобар начин да се спречат овие проблеми е да се намали внесот на алкохол или барем да се консумира побавно, што ќе помогне да се зачува здравјето на срцето. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука