Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здравите навики, како што се одење 10.000 чекори дневно или додавање бобинки во вашиот појадок, играат клучна улога во долговечноста.
Сепак, експертите предупредуваат на една навидум здрава навика која може да има спротивен ефект – консумирањето премногу животински протеини, што може да го скрати животниот век. Иако протеините се клучни, особено како што старееме, премногу внесување може да биде штетно.
– Вообичаената теорија е дека треба да го намалиме внесот на протеини како што старееме, но истражувањата покажуваат дека тоа важи за помладите луѓе, а не за оние над 50 години, објаснува експертот за семејна и регенеративна медицина д-р Suzanne J. Ferree.
Со годините, нашето тело природно ја губи мускулната маса, па затоа внесот на протеини е особено важен. Препораката на Американската агенција за храна и лекови (ФДА) е дека дневниот внес на протеини треба да биде 50 грама при исхрана од 2.000 калории. Но, многу луѓе консумираат повеќе протеини отколку што им е потребно, а повеќето доаѓаат од животински извори, што не е најздравиот избор.
Постојат два главни типа на протеини – растителни и животински. Истражувањата покажуваат дека растителните протеини се поздрави. Некои извори на протеини од растително потекло вклучуваат леќа, наут, тофу, киноа и чиа семиња. Експертите потенцираат дека премногу животински протеини може да го забрзаат стареењето и да го оштети здравјето на клетките. Советуваат консумација на протеини од растителни извори и риба.
Иако рибата не е растителен протеин, таа се разликува од другите животински протеини по својот состав. Покрај тоа, редовното консумирање риба е поврзано со намалување на ризикот од прерана смрт од 12 проценти. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr