News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 18, 2024

Охрид, 18. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Да се слабее не значи дека мора да се гладува, а одржувањето калориски дефицит не подразбира прескокнување оброци или чувство на глад. Клучот е да се избере квалитетна храна, а според нутриционистите, постои јасна врска помеѓу потрошувачката на протеини и слабеењето.

– Протеините обезбедуваат одржлива енергија и стабилно ниво на шеќер во крвта, што помага успешно да се губат маснотиите без ограничувања, вели нутриционистката и диететичар Adiana Castro.

Протеинот е најзаситувачкиот макронутриент кој помага да се задржи чувството на ситост подолго време и да се намали желбата за нездрави грицки. Протеините исто така го поддржуваат одржувањето на мускулната маса и регулирањето на хормоните поврзани со апетитот, како што се GLP-1 и пептидот YY, кои можат да ја намалат желбата за храна, додава Castro. Советува рамномерно да се распределуваат протеините во текот на денот за поефикасно справување со гладот.

Количината на протеини што треба да се консумираат зависи од индивидуалните потреби, но општо правило е да се консумира најмалку еден грам протеин по килограм идеална тежина и доколку е потребно истото да се зголеми.

За губење на тежината не е потребно откажување од омилената храна

Нутриционистите и диететичарите препорачуваат да се задржат нутритивно богатите извори на протеини како приоритет. Храна како леќа, наут и тофу се секогаш одличен избор. Животинските протеини како риба, морски плодови, посно месо, јајца и грчкиот јогурт нудат високо ниво на протеини заедно со дополнителни хранливи материи.

За губење на тежината не е потребно откажување од омилената храна. Еден „нездрав“ оброк нема да ги расипе вашите планови, секако доколку станува збор за периодична награда за истрајноста. Се препорачува избегнување на рестриктивен пристап бидејќи може да го зголеми ризикот од прејадување.

Нутриционистите и диететичарите исто така ја нагласуваат важноста на другите хранливи материи, како што се влакната и незаситените масти, кои исто така помагаат за ситост и се поврзани со губење на тежината. Исто така, соработката со регистриран нутриционист може да ни помогне да најдеме рамнотежа помеѓу здравата исхрана и уживањето во храната. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука