Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со почетокот на есента треба да му се помогне на телото да се обнови.
Особено е важно да се зајакне имунолошкиот систем, бидејќи студената сезона е пред нас. Терапевтката Svjetlana Burnatskaja вели дека наесен е многу важно да го прилагодите спиењето, што значи дека мора да се стекнеме со навика да си легнеме на време и да избегнуваме недостаток на сон.
Покрај тоа, потребно е да пиеме доволно вода за да ги одржуваме сите телесни системи во форма, а важно е и што јадеме. Таа препорачува да вклучиме јогурти богати со пробиотици во исхраната, но и јаткасти плодови, семки, агруми и лук.
– Портокалите, лимоните и грејпфрутот се богати со витамин Ц, кој помага за одржување на имунолошкиот систем. Лукот има антимикробни својства и му помага на телото да се бори против инфекциите. Ѓумбирот има антивоспалителни својства и помага при настинки, вели таа.
Нутриционистите велат дека возрасен човек може да јаде по еден портокал секој ден. Ако изберете мандарини, не консумирајте повеќе од три до четири дневно. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr