Здравје: Три вида овошје можат да придонесат за чистење на артериите
октомври 2, 2024

Охрид, 2. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здравјето на срцето игра клучна улога во целокупната благосостојба на човечкиот организам.

Еден од важните делови на кардиоваскуларното здравје е здравјето на артериите. За среќа, исхраната богата со хранливи материи, како што е овошјето, може да помогне артериите да бидат чисти и функционални. Одредени видови овошје обезбедуваат хранливи материи и антиоксиданси кои можат да придонесат за здравјето на срцето. Со вклучување на овие намирници во нашата секојдневна исхрана, можеме да спречиме воспаление, да го намалиме холестеролот и да го подобриме општото кардиоваскуларно здравје.

Експертите ги препорачуваат овие видови овошје за одржување на здрави артерии и намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Боровинки

Боровинките ни носат многу здравствени придобивки. Тие се особено богати со антиоксиданси кои помагаат во заштитата на артериите од оксидативен стрес и воспаление. Оксидативниот стрес е еден од клучните фактори за формирање на наслаги во артериите. Вклучувањето на боровинки и други бобинки во вашата исхрана може да помогне да се намали овој стрес, а со тоа да се подобри здравјето на срцето.

Портокал и друго цитрусно овожје

Цитрусните овошја, како што се портокалите, се богати со витамин Ц, важен антиоксиданс кој ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем и ги штити клетките од оштетување. Витаминот Ц игра клучна улога во спречувањето на оксидативното оштетување на ѕидовите на артериите, што може да доведе до формирање на наслаги. Редовното консумирање портокали, грејпфрути, лимони и лимета може да помогне во одржувањето на здравјето на артериите.

Калинка

Калинката е уште едно овошје со импресивни придобивки за здравјето на срцето. Содржи еден вид антиоксиданс за кој се покажало дека го подобрува протокот на крв и потенцијално го намалува создавањето на наслаги. Калинките можат да помогнат да се подобри протокот на крв со релаксирање на артериите и намалување на ризикот од атеросклероза.

Важно е да се запамети дека за одржување на здравјето на срцето, покрај балансираната исхрана, потребни се и промени во животниот стил како што се редовно вежбање, управување со стресот и избегнување на штетни навики како што е пушењето. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука