News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 29, 2024

Охрид, 29. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Витаминот Д е од суштинско значење за одржување на здрави коски и поддршка на имунолошката функција на организмот.

Доволен дневен внес на витамин Д е особено важен за време на постудените месеци, кога многу луѓе поминуваат значително помалку време на сонце. Овој витамин можете да го внесете преку суплементи, но и со конзумирање на храна која е природно богата со него.

Препорачаниот дневен внес на витамин Д за повеќето возрасни е 600 IU (меѓународна единица за мерење за ефектот), кој се зголемува на 800 IU за лицата над 70 години.

Експертите издвојуваат три видови риби кои се богати со витамин Д и кои треба почесто да се на нашата трпеза.

Пастрмка

Пастрмката е одличен извор на витамин Д. Порција од 85 грама обезбедува 645 IU, што е повеќе од 100 проценти од дневниот препорачан внес за повеќето возрасни лица. Ова ја прави еден од најбогатите природни извори на витамин Д. Покрај овој витамин, пастрмката е богата и со висококвалитетни протеини и омега-3 масни киселини кои помагаат во борбата против воспаленијата и го поддржуваат кардиоваскуларното здравје.

Лосос

Лососот е еден од најбогатите природни извори на витамин Д. Порција од 85 грама варен лосос обезбедува околу 570 IU витамин Д, покривајќи околу 95 проценти од вашите дневни потреби. Дивиот лосос има повеќе витамин Д од одгледуваниот лосос, но и двете риби се одлични извори на овој витамин. Исто така, лососот е богат со омега-3 масни киселини кои го подобруваат здравјето на мозокот и срцето и помагаат во намалување на воспаленијата.

Сардини

Само две сардини обезбедуваат 46 IU витамин Д, што е малку повеќе од количината што ќе ја најдете во едно јајце. Сардините се исто така богати со калциум, витамин Б12 и омега-3 масни киселини, што ги прави одличен избор за поддршка на здравјето на коските и срцето. Ако ги купите конзервирани, тие се брз и лесен начин да додадете протеини и хранливи материи во вашите оброци. Сардините се совршени на тост, во салати или измешани со тестенини. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука