Охрид, 4. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Има многу ефективни начини да го одржите вашето срце здраво и да го намалите ризикот од срцеви заболувања, а правилната исхрана секако е еден од најважните.
Иако е важно да се избегнува храна која ги затнува артериите, добра вест е дека има многу вкусни опции за здрави намирници за здраво срце.
Нутриционистот Krutika Nanavati посочува на три одлични опции.
Јаткасти плодови
Кога станува збор за здрави грицки, јаткастите плодови се прв избор, особено ако здравјето на срцето ви е приоритет. Тие се богати со здрави масти, влакна и магнезиум, кои помагаат да се намали лошиот холестерол и да се зголеми добриот холестерол. Оревите се особено за истакнување затоа што содржат и омега-3 масни киселини. Се препорачува грст јаткасти плодови како ужина или додавање сецкани бадеми или ф’стаци во оброците, како што се овесна каша и јогурт.
Бобинки
Бобинките имаат многу придобивки за целото тело, вклучувајќи го и срцето. Се карактеризираат со висока содржина на антиоксиданси кои играат клучна улога во заштитата на крвните садови и намалувањето на крвниот притисок, два важни фактори за превенција од срцеви заболувања. Бобинките се одлични за здравјето на срцето и се препорачуваат постојано, бидејќи многу лесно се вклопуваат во исхраната. Можете да ги додадете во здрави смути или житарки, а можеме да ги јадеме и како ужина.
Лиснат зеленчук
Лисестиот зеленчук како спанаќот и кељот се вистински шампиони за здравјето на срцето. Лиснатиот зеленчук е богат со калиум, кој помага во регулирање на крвниот притисок и содржи нитрати, кои ја подобруваат циркулацијата. Овие хранливи материи се неопходни за здраво срце и превенција на болести. Нутриционистите препорачуваат додавање на спанаќ во смути, кељ во супи или пржење на блитва со лук и маслиново масло, што е одличен начин да се внесат во организмот многу хранливи материи. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr