News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 28, 2024

Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Урината може да ни даде важни информации за нашето здравје, вклучувајќи го нивото на хидратација, потенцијални инфекции или други здравствени проблеми. Затоа е корисно периодично да ја проверувате бојата на урината, велат експертите.

Следење на бојата на урината е ефикасен начин за проверка на статусот на хидратација. Идеално, бојата на урината треба да биде светло жолта, како лимонада. Ако е премногу проѕирна, тоа може да значи дека сме прехидрирани, додека потемната урина, како бојата на сокот од јаболко, може да укаже на дехидрација.

Благите промени во бојата на урината обично не се причина за загриженост, но доколку забележиме големи промени кои траат, медицинските лица препорачуваат да се направи контрола. Следењето на бојата на урината е важно за да знаеме што е нормално за нас и да препознаеме какви било промени.

Покрај тоа, постојат одредени бои на урина кои можат да бидат загрижувачки. Нема „нормална“ боја на урината, но боите како црвена, кафеава или розова може да укажуваат на присуство на крв во урината, што може да биде знак за инфекција, камења во бубрезите или дури и рак. Во овие случаи, исклучително е важно веднаш да побарате лекарска помош за да спречите можни компликации. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука