Охрид, 27. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на граѓани за рурален туризам, екологија и традиција ОРТЕТ во партнерство со организациите Њу Импакт од Поградец, Балканија од Скопје и Лицеј од Белград, во текот на изминатите 4 месеци реализираше низа проектни активности со финансиска поддршка на Фондот на Западен Балкан и Европската Унија, а во рамките на програмата за поддршка на граѓанските организации преку регионални активности CN 2021/424879.
– Во рамките на завршниот настан на 24-ти и 25-ти септември се презентираа резултатите на проектот од страна на партнерските организации и се воспоставија успешни партнерства за иден одржлив развој на руралните области на регионот на Охридското Езеро. Главна цел на проектот беше да придонесе за регионална и прекугранична соработка и да ја зајакне регионалната кохезија во регионот на WB6, преку промовирање на инвестиции во човечки и социјален капитал што помага да се мобилизираат ресурсите во регионите за да одговорат на постојано менување на околината, поттикнувајќи иновативна деловна средина и поддршка. Ова е целосно во согласност со целите дефинирани во Иницијативата за Западен Балкан 6 (позната и како Берлински процес), Софиската Декларација за зелената агенда за Западен Балкан и Европскиот зелен договор, информираат од Здружението ОРТЕТ.
Како специфични цели на проектот ги наведуваат подигнување на свеста и знаењето за еколошката и социјалната отпорност во екосистемите на сливот на Охридското Езеро против климатските и економските промени, преку регионална и прекугранична соработка и размена на искуства на различни нивоа – во согласност со Европските зелени договори и Балканската зелена агенда за Одржлив развој. заедница;
Да се подигне нивото на зелени и одржливи економски активности преку туристичката понуда во проектниот регион – размена на искуства и знаења и компаративна анализа на одржливиот туризам;
Да се подготви нацрт-план со насоки за управување со еко-туризмот во целниот регион како дел од заштитено подрачје, да се создадат производи и услуги за екотуризам во целната област.
– Во склоп на проектот се постигнати следните резултати: изработена е анализа на климатски промени и способност за климатски отпор во проектниот регион Охрид-Дебрца-Поградец, изработен е водич со основните параметри на балканската зелена агенда, изработена е компаративна анализа (бенчмаркинг), на туристичката понуда во проектниот регион споредена со анализи и искуства на европски и регионални високо развиени туристички дестинации на алтернативен (рурален, еко, гастрономски..) туризам, спроведени се теренски и онлајн анализи на состојби, потенцијали и можности за иден развој и е изработен водич со основните правци за развој на руралниот туризам во регионот, потенцираат од ОРТЕТ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива