Охрид, 3. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Зелениот појас на патот Охрид-Св. Наум, на потегот до „Св. Стефан“, веќе традиционално, секоја сезона го дочекува летото обраснат со трева.
Охрид е пред почетокот на сезоната, летото е веќе тука, а одговорните и оваа година не стигнаа да го исчистат овој дел, кој е обраснат со висока трева и претставува исклучително лоша слика пред гостите.
Ова се повторува секоја година, а охриѓани апелираат до одговорните лица, истото да се среди во најкус можен рок, за оваа многу фреквентна сообраќајница, особено во летниот период да добие поубав лик.
– Срамота е, не е само поради плажите и туристите. Овој е единствениот пат кој води кон границата со Албанија на овој дел, има многу луѓе што само транзитираат. Срамота е да го гледаат ова, коментираат охриѓани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес