јули 18, 2017

Охрид, 18. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Серијата земјотреси зад себе оставија сериозни оштетувања во зградата на ОУ „Братство и единство“ во Охрид.

Пукнати и изронати ѕидови, паднати оџаци, но најголемо оштетување има на главниот влез, вратата во моментов е потпрена со држачи.

bratstvo1Записник за состојбата во која се наоѓа училиштето е направен од страна на општинскиот кризен штаб. Директорот на училиштето Муарем Доко побарал од локалната самоуправа да бидат ставени во приоритетните објекти за санација, но вели дека до овој момент не е преземено ништо.

– Претставници на Кризниот штаб дојдоа и направија записник, но јас по три дена испратив опомена за да се делува по приоритет. Еве веќе 12 дена барам помош од општината, но досега не е преземено ништо, туку само се префрлува одговорноста и реализацијата. Ние повикавме две фирми за да се санира влезот во училиштето, но никоја од нив не прифати санација, не сакајќи да преземат одговорност, со оглед на тоа што зградата е изградена во 1948 година, истакна директорот Доко во изјава за Супер радио и OhridPress.

odzak bratstvobratstvosalaВо пресрет им излегла само фирмата „Бокоп“, која привремено со железни држачи ја прицврстила влезната врата, но како како што вели директорот таа е потенцијална опасност за вработените кои и во овој период се во училиштето.

Директорот на училиштето Братство и единство, Доко рече дека доколку час поскоро не се преземат мерки за санација, може да биде доведен во прашање и навремениот старт на новата учебна година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука