октомври 14, 2017

Охрид, 14. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Охрид, Валандово, Штип, и Пехчево, денес во 11:55 часот регистрира земјотрес со епицентар на 140 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.

Земјотресот беше со Рихтерова магнитуда од 4.2.

Тој беше почувствуван од населението во југозападниот дел од Републиката и тоа, во Битола и околоната со интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка Скала. Во Ресен и Охрид овој земјотрес беше почувствуван со нешто послаб интензитет, односно III степени според истата скала. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука