Ресен, 9. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, регистриран е утрово во 05:56 часот, на 28 километри североисточно од Охрид, во околината на Ресен, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен, на длабочина од 12 километри.
Ова е трет послаб земјотрес што е регистриран во Република Македонија во текот на изминатава недела. Претходните два беа со јачина од 2 и 2,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во скопското подрачје. (Крај)
извор: 360 Степени фото: архива
Прочитано: 127