Скопје, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер ноќеска беше почувствуван во Скопје.
Според првичните податоци на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на околу 20 километри источно од Скопје, во близина на Студеничани, на длабочина од 12 километри.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва, 23-ти септември 2024 година, во 02:02 часот, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива