јули 6, 2017

Охрид, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, утрово регистрираа земјотрес со епицентар на 10 километри источно од Охрид.

Земјотресот се случи во 11:12 часот и беше со Рихтерова магнитуда од 3.8 степени.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствувн во епицентралното подрачје со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука