април 19, 2017

Охрид, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот се случи во 11 часот и 42 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.9. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука