Охрид, 14. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – По релативното затишје, сеизмографите повторно регистрираа потрес во Охрид.
Земјотресот е регистриран во 18:58 часот со јачина од 3.3 степени според Рихтеровата локална магнитуда, со епицентар 6 км северно од Јанковец, на длабочина од два километри.
Два потреси беа регистрирани и во утринските часови, едниот во 06:07 часот, а другиот во 08:26 часот, со јачини од 2.6 односно 2.8 степени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25