Зимска идила – манастирска црква „Св. Илија“ на Илинска планина (Фото)
декември 30, 2024

Охрид, 30. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Зимска идила – манастирска црква „Св. Илија“ на Илинска планина… Вака во Facebook групата БⲣⲉжⲁⲎи Дⲉбⲣцⲁ ⲘⲁⲕⲉдⲟⲎијⲁ ги опишуваат фотографиите направени денеска.

Свети Илија е главна и единствена манастирска црква на Илинскиот манастир, сместена на самата атарска граница на Мало и Големо Илино, Република Македонија. Црквата се наоѓа на самиот срт на Илинска Планина, над селото Големо Илино, Демирхисарско.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Црквата се наоѓа на 1.524 метри на зарамнетиот дел на планинскиот превој и самата граница помеѓу општините Демир Хисар и Дебрца. До манастирот водат земјени патишта во насока на селата Брежани и Мало Илино.

Манастирската црква е изградена во 1990 година со средства на црковниот одбор и жителите од селото Големо Илино како и на дел од соседното охридско село Брежани.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Секоја година на Илинден се одржува голем црковно-народен собор и прослава со многубројни посетители од Големо Илино, Мало Илино, Брежани повеќето села во Демирхисарско, Охридско, Кичевско како и од градовите Демир Хисар, Охрид, Битола и иселеници од Скопје и странство, заради што во дворот на манастирот има 2 конаци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: И. Уле

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука