февруари 23, 2017

Скопје/Струга, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ ќе организира Зимски поетски фестивал.

Настанот ќе се одржи во сабота, 25-ти февруари.

Четири поетски имиња од Европа и Македонија ќе се претстават со свои стихови на овој фестивал. Станува збор за авторите: Ласе Содерберг (Шведска), Хабиб Тенгур (Алжир), Хасан Зактан (Палестина) и Иван Џепароски (Македонија).

Свеченото отворање ќе биде во салата „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20.00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука