Милано/Скопје, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот ФОН во соработка со Универзитетот во Валенсија и Бертоне дизајн академијата од Милано, ги организира првите меѓународни зимски школи во Република Македонија, за домашните студенти.
Плејада на експерти меѓу кои и творците на Европскиот устав и архитектите на Европска комисија ќе го пренесат своето знаење пред студентите на ФОН но и другите универзитети во Македонија.
Првата зимска школа насловена како: New Technologies and Good Governance, Challenges and Оpportunities for 21 Century Democracy, започна денес на Универзитетот ФОН во Скопје.
Втората зимска школа насловена како: FULL DESIGN, Made in Milano ќе започне во 10 часот на Универзитетот ФОН во Скопје на 11-ти јануари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива