ноември 20, 2024

Охрид, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските средношколки Сара Петкоска и Симона Димитриеска од ОСУ „Св.Климент Охридски“ освоија златен и бронзен медал на 57. Детски Рацинови средби.

Сара Петкоска освои прва награда и златен медал на натпреварот во ораторство „Мене и душата ми е црвена”, додека Симона Димитриеска освои трета награда и бронзен медал на меѓународниот поетски конкурс „Мене и душата ми е црвена”.

И двете беа под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски.

– За Рацин кој го наследивме достојно му се оддолживме на 57. Детски Рацинови Средби творејќи за бесмртниот црвен поет, чекорејќи по црвените нијанси на Рациновата безвременост и говорејќи под блесокот на незгасливите мугри, соопштија од охридската Гимназија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука