Охрид, 12. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Маријана Пипилева е изработувач на филигран од Охрид и фотограф што зрачи со креативност и сензибилитет.
Таа е скромна и многу вредна девојка, а нејзиното око ги лови убавината и природата што ја опкружуваат. Со вредните раце создава прекрaсен накит од филигран, опточен со охридски бисери и македонски рубин, јави порталот fakulteti.mk.
Секое утро на своите следбеници на социјалните мрежи, кои ги има од целиот свет, им упатува поздрав со најубавите фотографии направени од неповторливите пејзажи со кои изобилуваaт Охрид и околината. Покрај тоа што слика, упатува и мудри стихови кои допреле до нејзината душа.
Маријана е девојка не само со чувство за убавата фотографија, туку има и „златни раце“. Вели дека кога размислувала за својата идна професија, отсекогаш сакала таа да биде поврзана со рачна изработка.
– Занает кој ќе можам да го работам секаде, вели таа.
Преку случајна едукација на курс за зачувување на занаетите во изумирање, ја продолжува традицијата и преку филигранот создава ремек-дела. Од нишките сребрена жица создава уникатни креации од филигран – традиционална техника за изработка на накит. За создавање различни парчиња накит се потребни трпение, посветеност и упорност, вели таа. Со крајна скромност раскажува од каде потекнува нејзината љубов кон филигранството, кое традиционално е машки занает.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: fakulteti.mk фото: fakulteti.mk