Скопје/Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) -Значително намалување на цените на бензините и дизелот од полноќ.
Согласно одлуката на Тегулаторната комисија за енергетика, бензините се намалуваат за три, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два денари.
Па, така, литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 66,50, а Еуросупер БС – 98, 68,50 денари. Еуродизел (Д-Е V) ќе се точи за 60 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 50 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35