Скопје, 31. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Зоран Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ по денешниот втор круг од локалните избори.
Пред да каже дека поднесува оставка, тој им честиташе на противниците на победата на локалните избори.
– Во името на СДСМ им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја преземам одговорноста заклучно со резултатите на вие избори. Поднесувам оставка како премиер и претседател на СДСМ, изјави Заев на прес-конференција.
Тој потенцира дека останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.
– Ќе останам периодов додека треба, да се организира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има, а може и да се прошири, додаде Заев. (Крај)
извор: сдк.мк фото: сдк.мк
Прочитано: 35