Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од музичката работилница на авторот Зоран Рудан- Цеки доаѓа уште една ведра, летна и певлива музичка приказна.
Станува збор за новиот сингл наречен „Лина Пиколина“ за која тој е комплетен автор.
– Наше море, Пореч, Истра, толпо сонце, ладна вода бистра. Многу риби, малку пари, а ние млади со пиво и гитари – пее Цеки во новата песна.
Посебен шмек на песната и’ дава и делот испеан на италијански, што ја прави уште поинтересна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 93