Белчишта, 13. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Зоран Ќосески, почесен конзул на Република Македонија во Австралија денеска оствари посета на ООУ „Дебрца“ во селото Белчишта.
На средбата присуствуваа директорката на училиштето, Билјана Славевска, психологот Сања Ристеска Наковска и Љупка Јакимоска- Попоска, наставник по англиски јазик.
– Почесниот конзул отворено ја изрази неговата желба да помогне, како и подготвеноста да не насочува во идни активности потпомогнати од Австралија. Нашата соработка трае веќе неколку години, откако со австралиска помош, на иницијатива на г-дин Ќосески, се отвори Јазично катче во централното училиште, кое функционира како кабинет за странски јазици и библиотека, изјави директорката на училиштето Билјана Славевска.
Таа информира дека почесниот конзул Ќосески е посветен активист за поголема видливост на македонската заедница во Австралија, и во разговорот, според своите искуства и познавања, сугерирал на различните начини на кои можат да се унапредат условите во училиштата и соработката во иднина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива